Тренерот на Еспањол: Би ве советувал да уживате во играта на Меси додека тој се уште игра

by
1 минути читање

Шефот на стручниот
штаб на Еспањол веројатно својата тактика за денешното дерби со Барселона во
Примера ја сведе на одбраната, неговите избраници грчевито се бореа да го
сочуваат својот гол, но се
до
71. минута по мајсторијата на Меси од слободен удар.

Во завршницата
Аргентинецот постигна уште еден гол и донесе победа за Барселона од 2-0, а Руби
упати совети до сите големи љубители на фудбалската игра, да уживаат додека тој
се уште игра.

Би ве советувал
да уживате во неговата игра, се додека тој се уште игра
“ рече шефот на
стручниот штаб на Еспањол.

Доколку пропуштивте: Мајсторијата на Меси од слободен удар (ВИДЕО)

Тој е уникатен
фудбалер, кога тој не игра, можете брзо да забележите, јас ја имав таа среќа да
го гледам една година како тренер
“ додаде Руби, потсетувајќи на своите денови
на Камп Ноу, кога му беше помошник на Тито Виланова.

×