Моисе Кин: Се надевам еден ден ќе го достигнам нивото на Роналдо и Меси

by
1 минути читање

Моисе Кин донесе
победа за Јувентус во дуелот со Емполи, а 19 годишниот фудбалер сака еден ден
да го достигне нивото на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а сево ова доаѓа по
изјавата на Масимилијано Алегри, шефот на стручниот штаб на италијанскиот
првак, кој ја повика јавноста да не креваат многу врева околу него, бидејќи тој
не е ниту Роналдо, ниту пак Меси.

Доколку тренерот
го вели тоа, тогаш тоа е вистина, секако, јас не сум ниту Кристијано, ниту
Меси, но се надевам дека еден ден ќе го достигнам нивното ниво, доколку работам
доволно за тоа
“ рече Моисе, а притоа го коментираше и достигнувањето кој го реализираше,
откако стана
вториот најмлад фудбалер кој стигнал до осум погодоци во Серија А, веднаш
зад Марио Балотели (18 години и 242 дена).

Среќен сум
поради ова достигнување, секогаш сум подготвен и за рушење рекорди
“ рече Моисе
кој има 19 години и 31 ден во изјавата за Скај Спорт Италија.

×