Палермо со бод се
враќа од гостувањето кај Косенца во рамките на редовното 29 коло од
италијанската Серија Б, тоа секако е незадоволително за Сицилијанците кои први
дојдоа до водство, а на крајот мораа да се задоволат со реми од резултат 1-1.
Нашиот
репрезентативец и капитен на Палермо, Илија Несторовски во 19. минута го
постигна водечкиот гол за Сицилијанците, кои не успеаа ниту до крајот на првото
полувреме да го задржат тоа водство и сега ќе останат на делба на првото место
на табелата во Серија Б заедно со Бреша, која има меч помалку.
За издвојување е
секако и црвениот картон на Несторовски во 90. минута, а исклучувањето дојде по
вториот жолт картон, само две минути по првата опомена.
Александар
Трајковски играше до самата завршница од мечот против Косенца, а Несторовски со денешниот гол запиша бројка од десет погодоци сезонава во дресот на Палермо.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.