Коментарите на Џерард Пике дека поседува поголемо богатство од буџетот на лутиот ривал на Барселона, Еспањол, наидоа на жесток одговор од тој клуб во пресрет на дербито во Примера кое е предвидено да се одигра утре.
Освен што Еспањол излезе со официјално соопштение по тие коментари на дефанзивецот на Каталонците, со коментар се одзва и потпретседателот на тој клуб.
„Тој е играч кој понекогаш ги охрабрува навивачите на пеколна битка, повеќе отколку што го промовира тој спорт“ рече потпретседателот на шпанскиот прволигаш.
„Едноставно, не му давам големо значење, коментарите не треба да се сфатат премногу сериозно, тој ќе каже нешто интелегентно, еден ден ќе се случи и тоа, доколку сакаше да каже шега и доколку некој сакаше да се насмее, да ги оставиме да се смеат“ заклучи Карлос Гарсија-Понт.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.