Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека еден од острите одговори на
расизмот е да се повлечат екипите од терените за време на натпреварите доколку
има расистички скандирања од трибините.
Големо внимание привлече
тоа што се случи на дуелот помеѓу Црна Гора и Англија во европските
квалификации, откако Гордиот Албион славеше со 1-5 во Подгорица, а на мета на
домашните навивачи беа црномурестите фудбалери, кон кои имаше расистички
извици.
Црна Гора е на
тапет кај УЕФА по тој случај, а Клоп се одзва по тоа прашање и практично
застана во одбрана на Хадсон-Одои, Рахем Стерлинг и особено Дени Роуз кон кого
имаше најмногу напади од гледалиштето.
„Не е смешно, би
било навистина за мене тешко да ја искусам таа ситуација на Рахем или Роуз,
едноставно е, мораме да ги сопреме тие натпревари, знам дека Герет тоа не го
стори“ рече Клоп на пресконференцијата во пресрет на дербито со Тотенхем во
Премиерлигата предвидено да се одигра викендов.
„Што и да можам,
ќе сторам, тоа е едноставно, мораме да го сопреме мечот на кој би имало такви
работи, било што, јас разбирам зошто Герет тоа не го стори, меѓутоа во такви
ситуации се’ е дозволено, тоа
е моето мислење, тоа не е смешно, мораме да го сопреме“ посочи Германецот
алудирајќи на тоа дека Герет Саутгејт би можел да ги повлече своите фудбалери
во таа ситуација.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.