Марота посочи како го решил проблемот со Икарди, но избегна да даде одговор на клучното прашање

by
2 минути читање

Директорот на
Интер, Џузепе Марота е познат по тоа што е авторитетна личност, а тој веднаш
тоа го примени во тимот од Милано, и тоа во случајот со првата ѕвезда на тимот,
Мауро Икарди.

На Аргентинецот
му беше одземена капитентската лента на 13 февруари, а истата му беше дадена на
Хандановиќ, веднаш потоа напаѓачот отсуствуваше од тренинзите, тврдејќи дека е
повреден, а медицинскиот тим говореше нешто спротивно.

Икарди нема
натпревар од тој период во дресот на Нероаѕурите, но седмицава се врати на тренинзите,
а тензичната атмосфера за момент е смирена, Марота уверува дека го решил
проблемот со Икарди на дипломатски начин, но, тој избегна да даде одговор на
клучното прашање во тој случај, зошто на Аргентинецот му беше одземена
капитентската лента.

Јас сум познат
по мојот начин ан решавање на проблемите со лидерство и пред се
на дипломатски начин, во овој случај,
сакав да ги смирам тензиите во интерес на сите
“ посочи Марота.

Во клубот
постојат некои динамики кои не можат да бидат јавни, одлуките се носат со
чувство на одговорност, ние не сакавме да казниме никого, тоа е факт. Ние го
сторивме тоа поради нашата работа, клубот мора да го штити својот тренер а секако
и да го почитува заедништвото во составот, тука не говорам за проблемот со
Икарди
“ додаде тој.

Доколку сакате
да излезете на теренот, потребен ви е тимски дух, тоа е една од најважната
работа која треба да ја почитува секој тренер и играч
“ заклучи Марота.

Со Лаутаро на
листата на повредени во Интер, речиси сигурно е дека на дербито со Лацио во
недела на домашен терен, Лучијано Спалети ќе почне со Икарди, а секако
интересно ќе биде како ќе реагираат домашните навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×