Сари повторно за болното прашање кое го мачи Челси: Прашајте го Азар, или клубот…

by
1 минути читање

Еден Азар е
сигурно прашање број еден кое Челси посакува брзо да го реши, меѓутоа не е се
така едноставно за Премиерлигашот од Лондон кога станува збор за првата ѕвезда
на тимот, кој посочи дека донел конечна одлука за својата иднина, но, се уште
јавно не ја открива.

Маурицио  Сари знае колкава важност има Белгиецот на
Стемфорд Бриџ, а запрашан за тоа кои се неговите очекувања за иднината на
офанзивецот, тој беше јасен, одговори дека нема претстава што ќе се случи и ги
упати медиумите да го прашаат директно фудбалерот, или клубот.

Не знам, имате
две опции мислам, можете да го прашате Азар, или пак тоа да го сторите до
клубот, јас не сум задолжен за трансферите, со тоа навистина не можам да дадам
прецизен одговор, Азар е премногу важен за нас во овие моменти, потребен ни е
во неговата најдобра форма во идните два месеци
“ посочи италијанскиот фудбалски
стратег.

ЛЕкип извести дека Реал Мадрид е подготвен
да издвои повеќе од 400 милиони фунти во летниот преоден рок за засилувања, а
францускиот медиум ги издвои Азар, Погба и Мбапе како главни желби на тимот од
Сантијаго Бернабеу.

Конекцијата
помеѓу Азар и Кралевите се интензивираше по враќањето на неговиот идол, Зинедин
Зидан на клупата на шпанскиот гигант.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×