Реал ќе го зграби новиот бразилски вундеркид чие име е палиндром за неверојатни 70 милиони евра?!

by
1 минути читање

Реал Мадрид е
прилично активен кога е во прашање ловот на перспективни млади играчи од
Бразил. Пред две години го договорија Винисиус Жуниор за 45 милиони евра, а 12
месеци подоцна за истата сума го пазарија и Родриго Гоеш.

Последните
информации велат дека „кралевите“ ќе го зграбат и последниот бразилски
вундеркид. Се работи за 17 годишниот Реиниер Жесус Карваљо од Фламенго.

За разлика од
Винисиус и Родриго, Флорентино Перез ќе мора малку подлабоко да бркне во џебот
со оглед на тоа дека откупната клаузула на Реиниер е 70 милиони евра а за
неговите услуги интерес пројавуват уште неколку гиганти како Милан, Јувентус,
Рома и Манчестер Сити.

„Кралевите“ сепак
имаат неколку адути на своја страна. Бразилецот, чие име всушност е палиндром,
е голем фан на Зинедин Зидан, а неодамна го посети и Сантијаго Бернабеу,
искуство за кое на Инстаграм напиша „еден од најдобрите храмови во светот на фудбалот“.

Милан се надева
дека ќе може да го искористи добриот однос со Фламенго, пред три месеци го
купија Лукас Пакета, но Реал смета на помошта на нивниот главен скаут во Јужна
Америка, Жуни Калафат, кој веќе посредуваше при ангажманите на Винисиус и
Родриго, а дал совет и за неодамнешниот трансфер на Едер Милитао од Порто вреден 50 милиони евра.

Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на БетАдриа, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×