Реал Мадрид ја предводи трката за потписот на Рабио?

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја
предводи трката за потписот на фудбалерот од средниот ред на францускиот првак
ПСЖ, Адриен Рабио, пренесе Диарио.

Интересот на
Кралевите за фудбалерот кој на лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот,
го дал старо-новиот тренер на шпанскиот гигант, Зинедин Зидан, а наводно првиот
човек на тимот од Мадрид, Флорентино Перез дал зелено светло за таа идеја.

Договорот на 23 годишниот
фудбалер на лето му истекува договорот со ПСЖ, а нема настап
во првиот состав на таа екипа веќе повеќе од три месеци.

ПСЖ одбива да му
укаже прилика на Рабио за настап додека неговата ситуација со договорот не се
реши, но, веќе е речиси сигурно дека тој ќе си замине од Париз, а претходно,
познато е дека Барселона пријави голем интерес за неговите услуги, откако
Каталонците дури и понудија 40 милиони евра, но, преговорите пропаднаа.

Барселона дури и
се огласи по шпекулациите за Рабио, Каталонците во декември излегоа со
соопштение во кое потврдија за нивниот интерес за фудбалерот, додавајќи дека не
прекршиле никакви правила во тоа, имале разговор со ПСЖ и пријавиле за тој
интерес.


×