Според новинарот Чарли Вијат, Манчестер јунајтед ќе инвестира 170 милиони фунти во тројца перспективни Англичани.
Најскап би требало да биде Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, неговата вредност се проценува на 80 милиони фунти. 19-годишниот фудбалер има договор до 2022 со германскиот клуб.
Вториот играч е фудбалерот на Кристал Палас, Арон Ван Бисака, неговата вредност се проценува на 50 милиони фунти. Тој има 21 година и договор со неговиот клуб до 2021.
Последната желба е Деклан Рајс од Вест Хем кој има пазарна вредност од 40 милиони фунти. За разлика од претходните двајца, 20-годишниот Рајс има договор со чеканите до 2024 година.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.