„FootyHeadlines“ многу често има информација за новите дресови на клубовите пред тие официјално да бидат презентирани од клубот, и во најголемиот број на случаеви објавите им се точни.
Навивачите на Јувентус се надеваат дека објавата за дресовите на нивниот тим за следната сезона, нема да биде точна, бидејќи тие изгледаат ужасно.
Наместо традиционалните ленти, овој пат половина дрес ќе биде црн, половина бел, а во средината ќе има розева линија. Ракавите ќе бидат во спротивна боја од таа на телото. Задниот дел од дресот изгледа уште полошо, и не вреди ниту да се коментира.
„Ова би можело да биде еден од најлошите дресови на изглед кои некогаш сум ги видел, и напред и позади“, коментира еден од навивачите на Јувентус.

