Кориере дело
Спорт пишува дека Интер се вратил во трката за офанзивецот на Барселона,
Малком, за кого од поодамна излезната врата од Камп Ноу е отворена.
Италијанскиот
весник пишува дека Интер посакува да го добие Бразилецот на позајмица на лето,
со опција и целосно да го откупи договорот, а тој од поодамна се поврзува со
Нероаѕурите, кои лани се шпекулираше дека имале и понуда за него, но истата
била одбиена.
Како за
потсетување, Малком во последен час го откажа трансферот во Рома ланската
година откако интерес за неговите услуги пријави Барселона, но, во дресот на
Каталонците постигна само три гола во 15 настапи оваа сезона.
Запрашан за
шпекулациите со Интер, агентот на Малком, Леонардо Корначини во куса изјава за
Калчомеркато рече “Ние имаме
голема почит кон Интер и нивниот спортски директор, но, засега нема ништо,
Малком е интересен за многу европски клубови, но има долг договор до 2023.
година со Барселона”.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.