Нема ден а
медиумите од Турција да не шпекулираат за иднината на Елиф Елмас. Последните
информации велат дека во трката за потписот на Македонецот се приклучува Фиорентина.
Се говори дека
првичен контакт помеѓу двата клуба е остварен, и наскоро „виолетовите“ ќе
испратат конкретен предлог и понуда од 15 милиони евра.
Фенербахче има
катастрофална сезона, клубот има и проблем со финансиите, па може да се откаже
од големиот талент за да ја наполни клупската каса.
Оваа недела веќе
беше објавено дека Елиф Елмас одбил трансфер во Кардиф, и дека скаути на Лацио,
Борусија Дортмунд и уште неколку клубови од Премиерлигата биле во Љубљана и го
следеле настапот на „дијамантот“ на мечот од квалификациите за Европското
првенство помеѓу Словенија и Македонија.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.