Руи Коста сега работи како спортски директор на Бенфика, вели дека тој се обидел да го купи Пакета пред тоа да го стори Милан.
„Го следев Пакета во Бразил. Поради мојата сегашна работа го знам добро. Има голем квалитет. Сакав да го донесам во Бенфика, но не можев да го потпишам, беше премногу скап за португалски клуб“, вели Руи Коста.
„Има квалитет и години за да напредува и да се развива во тешка лига каква што е италијанската. Тој ќе биде свој, каков што треба да биде. Кака беше десетка, но исто така имаше и сила каква што ретко се гледа кај десетките, можеби и никогаш повеќе нема да се види“.
„Тој беше посебен. Тој беше Кака. А Пакета е Пакета. Поразличен. Технички е многу силен, има одлична левица“.
„Пјонтек го знам помалку отколку Пакета, но излишно е да се каже дека е одличен напаѓач. Бев изненаден од тоа колку брзо се адаптираше. За само неколку месеци постигна толку многу голови за Џенова“.
„Ќе беше лесно да се каже дека Милан е посебен клуб, со огромна историја и многу притисок, и е комплицирано да се снајдете, потребно ви е време. Но ништо од тоа не се случи, тој дојде во Милан и одма почна да дава голови, дури и на големи натпревари“.
„Изгледа како тука да бил долго време. Импресивен е, но не треба да се прават споредби“.
„Пјонтек не е Шева или било кој друг, но донесе различни решенија за нападот на Милан и реши многу проблеми“.
„Имав среќа да играм со големи напаѓачи и можам да кажам дека играњето со нив ви ги смирува нервите“.
„Кога знаете дека ги имате Шева, Кака или Инзаги за соиграчи, тогаш знаете дека порано или подоцна натпреварот ќе биде решен бидејќи еден од нив ќе даде гол“.
„Пјонтек не е Шева, ниту Инзаги, но постигнува голови и решава проблеми“.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.