Јувентус пред две години го сакаше Тони Крос, но тогаш Реал Мадрид одби да го продаде, но сега работите се менуваат.
Крос оваа сезона е во лоша форма, а една од желбите на Зинедин Зидан е Миралем Пјаниќ.
Флорентино Перез сака да го искористи Крос за да му ја исполни желбата на Зидан и да го донесе Пјаниќ на Бернабеу.
„Тутоспорт“ вели дека Јувентус би можел да се сложи на една ваква зделка но проблем може да биде платата. Пјаниќ во Јувентус заработува 6,5 милиони евра годишно, а Крос во Реал двојно повеќе.
Фабио Паратичи треба да направи пресметки дали на Јувентус ќе му се исплати да му дава висока плата на Крос, доколку Германецот не се сложи да игра за помалку пари од тие што ги добива во Реал Мадрид.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.