Минатата недела
се појавија стории кои велеа дека Јувентус летоска нема да патува за САД бидејќи
се плаши дека Кристијано Роналдо може да биде уапсен. ЦР7 е обвинет дека
силувал девојка во Лас Вегас во 2009, полицијата повторно го отвори случајот и бара
ДНК од Португалецот, но налогот исчезна во правните лавиринти.
Па за да нема
никакви компликации, „бајнконерите“ ќе одат на турнеа во Азија во рамките на Интернационалниот
куп на шампиони, и денеска пристигна официјална потврда.

Јувентус, Интер,
Манчестер јунајтед и Тотнем ќе бидат дел од овој престижен предсезонски турнир
кој ќе се одигра на Далечниот исток.
Па првото „Дерби
на Италија“ следната сезона ќе се игра во Кина, Јувентус и Интер на 24. јули ќе
ги одмерат силите во Женг. Претходно, Интер на 20. јули ќе се сретне со
Манчестер јунајтед во Сингапур, а Јувентус на 21. јули исто така во Сингапур ќе
игра против Тотнем.
„Ѓаволите“ пак својот дуел против „Спарси“ ќе го имаат на 25.јули во Шангај.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.