Шампионот на
Шпанија е во потрага на нов напаѓач, Антоан Гризман од Атлетико Мадрид е
дамнешна желба, а на списокот се наоѓа и името на Лука Јовиќ, Србинот со извонредната сезона во
дресот на Ајнтрахт го привлече вниманието на многу клубови.
Синоќа исто така беше
пренесено дека „каталонците“ имаат и трета опција, лидерите на клубот се
особено импресионирани од Маркус Рашфорд.
Па денеска се
појавија нови шпекулации на оваа тема. Според пишувањата на Мирор, Барса е
свесна дека „ѓаволите“ немаат намера да се разделат со својот најдобар млад
играч, па клубот од Камп Ноу ќе ја стави одлучноста на Манчестер јунајтед на
тест со мега понуда од преку 100 милиони фунти.
На Барселона во
прилог и оди тоа што Маркус Рашфорд е под договор до 2020, преговорите за нов
тапкаат во место, па најтрофејниот клуб од Англија е под притисок.
Мундо Депортиво,
кој синоќа пренесе дека младиот Англичанец е нова желба на Барселона, денеска
имаше нова сторија. Весникот пренесува дека преговорите со Манчестер јунајтед
ќе бидат тешки и одговорот од „Ол д Трафорт“ или ќе биде „тој не е на продажба“
или ќе биде побарана астрономска сума како порака да се заборави на Маркус
Рашфорд.
Сепак, МД верува
дека „каталонците“ имаат неколку карти во преговорите и можат да понудат двајца
играчи за да го примами Манчестер јунајтед на трансфер. Првиот е Филипе Кутињо,
кој изминатиот период често се поврзува со враќање на „островото“. Вториот е
Бразилецот Малком, кој минатото лето пристигна како големо засилување, но не се
изнаигра и се чини дека за него нема иднина на Камп Ноу.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.