Вечер на драми и големи пресврти, луди мечеви во Босна, Норвешка и Швајцарија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луди мечеви во
Босна, Норвешка и Швајцарија, домаќините имаа убави предности но гостите се
враќаа.

На „Билино поље“
во Зеница, БиХ имаше предност од 2-0 против Грција по само 15 минути игра.
Виска погоди за 1-0, а потоа следуваше мајсторија на Пјаниќ од слободен удар за
2-0.

Но во вториот
дел, Фортунис намали од пенал, а 60 секунди подоцна Пјаниќ доби црвен картон и
ги остави своите играчи на цедило. Гостите притиснаа со играч повеќе и со
голот на Коловос во 85. минута се изборија за 2-2.


Во Осло се
сретнаа ривалите од Скандинавија, Норвешка и Шведска. По еден час игра,
домаќините имаа 2-0 за гостите во завршницата да направат целосен пресврт и со погодокот на
Кваисон во 91. минута од мечот да поведат со 2-3. Сепак, драмата не
застана тука, во 97. минута Камара реализираше за 3-3.

Подеднакво
возбудливо беше и Базел каде се чинеше дека Швајцарија ќе слави против Данска
кога Емболо во 76. минута ја затресе мрежата на гостите за 3-0. Но следуваа два
брзи погодока на Данците, за во 93. минута Далсгард да донесе 3-3.

Италија, Шпанија
и Романија ги оправдаа фаворитските улоги и стигнаа до рутински победи.
„Аѕурите“ со 6-0 го прегазија Лихтенштајнт, „црвената фурија“ со 0-2 си замина
од гостувањето кај Малта додек пак Романија со 4-1 славеше против Фарски
Острови.

Ирска со
минимални 1-0 ја добија пресметката со Грузија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×