У19: Победа со пресврт над Албанија

by
1 минути читање

Младата
македонска фудбалска репрезентација за играчи до 19 годишна возраст славеше
победа од 2-1 во пријателскиот меч кој го одигра против соодветната селекција
на Албанија, а триумфот дојде со пресврт.

Албанците први
дојдоа до предност на контролката со голот во деветтата минута, но, на пет
минути пред паузата на полувремето нашите надежи израмнија и навестија
интересно второ полувреме.

По само осум
минути игра во вториот дел, избраниците на Горан Станиќ дојдоа до предност
од 2-1, резултат кој го сочуваа до крајот на мечот, иако во финишот останаа со
играч помалку на теренот.

Пред само три
дена, против истиот противник, нашите надежи одиграа реми.

×