Леванте се уште
нема изборено опстанок во најсилниот шпански фудбалски шампионат, а враќањето
на првата ѕвезда на тимот, Енис Барди по интернационалната пауза, без никакви
проблеми, значи многу за тимот од Валенсија.
„Задоволство ни е
што те гледаме повторно на Спортс Сити, Енис Барди е новитетот во денешната
тренинг сезија“ напиша Леванте на социјалните мрежи, пренесувајќи и видео од
враќањето на Македонецот на тренинзите на шпанскиот прволигаш.
Барди сезонава
одигра 27 натпревари за Леванте досега, постигна и еден гол, а тимот на Пако
Лопез во недела на домашен терен го пречекува Еибар, дуел кој е од големо
значење за тимот од Валенсија во битката за опстанок во Примера, моментално со
31 бод има шест бода предност во однос на Селта која е во зоната за испаѓање.
Како за потсетување, Македонија стартуваше со четири бода во првите два меча од квалификациите за ЕП 2020, Барди ги одигра целите два меча, најпрво во победата од 3-1 над Летонија, како и во ремито против Словенија од 1-1, каде го постигна израмнувачкиог гол.
Фото-вест: eldesmarque.com
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.