Турција убедлива против Молдавија за втора победа во квалификациите за ЕП 2020 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По триумфот на
гостувањето кај Албанија, селекцијата на Турција стигна до втората победа во
квалификациите за Европското првенство 2020. година, откако на домашен терен
славеше убедлива победа од 4-0 над Молдавија.

Калдирим во 24.
минута го отвори мечот на резултатски план за домаќините, а зголеми Тосун само
две минути подоцна, со што се поставија конечните 2-0 за Турција по првите 45
минути игра на пресметката во Есхишехир.

Во второто
полувреме по само осум минути игра Јилмаз можеше да зголеми од пенал, но, тој
не успеа да реализира во ударот од белата точка, па веднаш го корегираше Тосун
кој со својот втор гол на мечот донесе водство од 3-0.

Конечните 4-0 ги
постави Ајхан во 70. минута со што Турција дојде до максимален ефект во првите
две квалификациски кола досега.

Од 20,45 часот се
играат следните натпревари
:

Андора – Албанија

Црна  Гора – Англија

Франција – Исланд

Косово – Бугарија

Луксембург –
Украина

Португалија –
Србија


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×