Герет Бејл
инсистира на тоа дека никогаш немал никаков проблем со неговиот поранешен
соиграч во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо кој сега ги брани боите на Јувентус.
Се шпекулираше
дека обајцата имаат разнишан однос во текот на престојот на Роналдо на Сантијаго
Бернабеу, но, самиот Велшанец негира такво нешто, велејќи дека уживал во играта
со него.
„Кристијано е
неверојатен фудбалер, целосно уживав во играта со него“ рече Бејл во изјавата
за БТ Спорт.
„Очигледно дека
медиумите се обидуваа да креираат проблем кој всушност никогаш и го немало, ние
соработувавме одлично“ додаде тој.
„Тој е
неверојатен фудбалер и тоа што го стори за клубот по толку погодоци доволно
говори за него, неверојатен играч, а се уште игра во една врвна форма“ заклучи
Велшанецот.