Тибо Куртоа синоќа прописно
се обрука откако му подари гол на Денис Черишев. По една вратена топка назад,
голманот имаше доволно време да прави што сака, но очигледно и тој самиот не
знаеше што, па на крајот се сплетика и дозволи Русија да изедначи.
Но неговиот кикс
не влијаеше врз конечниот исход откако Азар од пенал пред крајот на првиот дел
ја врати Белгија во предност, а истиот играч кон финишот на мечот ги посави
конечните 3-1.
Па откако го
спаси својот соиграч, Еден Азар реши да се пошегува на сметка на Тибо Куртоа, со кого до
лани делеше соблекувална и во Челси.
„Мислам дека
премногу гледа видеа од мене, па тргна да трибла како мене!“ – вели Азар. „Но тој е малку повисок, и нему му
е малку потешко“.
„Ништо страшно,
ќе биде хит на социјалните мрежи, еден период сите ќе му се смеат“.