По двата порази во Тетово, Вардар оствари победа откако денеска ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Резултатот го отвори Филип Најдовски во 30. минута, а веднаш потоа Ибиши зголеми на 2-0 за сигурна предност на Вардарци. Во 63. минута Македонија преку Стјепановиќ постигна гол и се врати во игра, но десет минути подоцна Фелипе ги постави конечните 3-1.
Вардар со оваа победа се врати на првото место бидејќи Академија Пандев на свој терен загуби од Шкупи со 2-0. Во финишот од првото полувреме Филип Трајановски си постигна автогол, а вториот гол за Шкупи беше дело на Ангелов на десетина минути пред крајот.
Шкендија ги запиша очекуваните три бода против Беласица откако победи со 3-0. Струмичани се држеа до 54. минута кога конечно беше скршен нивниот отпор. Емини даде гол за водство од 1-0, во 83. минута Агим Ибраими погоди за 2-0, а пет минути подоцна Машлац си постигна автогол.
Работнички со гол на Димитриовски славеше на гостувањето кај Победа со 1-0, а немаше погодоци на мечот меѓу Силекс и Ренова.
Резултати 21. коло:
Академија Пандев – Шкупи 0:2
Победа – Работнички 0:1
Шкендија – Беласица 3:0
Силекс – Ренова 0:0
Вардар – Македонија ЃП 3:1
Табела:
1. Шкендија 47
2. Вардар 38
3. Академија Пандев 36
4. Работнички 31
5. Шкупи 30
6. Ренова 26
7. Македонија ЃП 22
8. Силекс 21
9. Победа 18
10. Беласица 18
Фото: ФК Вардар