91
Пред почетокот на мечот, во изјава за „БТ Спорт“, Сари ја образложи одлуката да го остави Кепа на клупата.
„Тоа е мој избор. Тоа е порака за целиот тим“, вели Сари.
На прашањето, каква порака? Сари одговори: „Дека ние сме група, и дека ние сме 25 играчи. Ова е мој избор“.
Пред почетокот на мечот, Кепа и Кабаљеро заедно се загревале и биле пријателски расположени. Тоа веројатно значи дека Шпанецот ја прифатил воспитната лекција.