Реакцијата на Луис Енрике за победата на Барса стана хит! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона синоќа со 2-0 го победи Реал Мадрид и завери нова шампионска титула, а по мечот реагираше и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Додека се играше Ел Класико, ПСЖ имаше натпревар во Лига 1 против Брест кој го доби со 1-0.

На средбата со новинарите по натпреварот, Луис Енрике најпрво праша како завршило Ел Класико. Кога слушна дека Барселона победила, извика „Тоа“ и направи гест со раката.

Неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.

Интересно, Луис Енрике како фудбалер играше пет години за Реал Мадрид, а потоа премина во Барселона каде остана осум години, беше и капитен. Како тренер три години беше на челот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×