Жоао Кансело вчера со Барселона ја освои титулата во Шпанија, а со тоа Португалецот стана и првиот фудбалер кој освоил титула во четири од најсилните пет првенства во Европа.
Како што е познато, со Манчестер сити ги освои речиси сите можни трофеи, вклучувајќи и три титули во Премиер лигата во 2021, 2022 и 2023 година. Во текот на последната шампионска сезона, во јануари 2023 година, замина на позајмица во Баерн Минхен, каде што до крајот на сезоната го подигна и трофејот во Бундеслигата.
Титулата во Серија А ја освои со Јувентус во сезоната 2018/19, а својата импресивна колекција ја заокружи со Барселона, која вчера стана шампион на Шпанија.
Ако на тоа се додадат и титулата со Бенфика во 2014 година, како и трофејот во Лига на нации со Португалија во 2019 година, јасно е дека станува збор за еден од најтрофејните фудбалери во модерната ера. Кога ќе се соберат сите негови трофеи, Кансело досега има освоено 16 во својата кариера.