На повидок голем ремонт во Мадрид: Само седум фудбалери се сигурни

by Стефан
1 минути читање

Според последните најави од Шпанија, Реал Мадрид е подготвен за голем ремонт по катастрофалната сезона.

Реал оваа сезона потфрли на сите резултатски полиња и нема ниту едно натпреварување во кое ги исполни очекувањата, а во клуб како Реал Мадрид таквите неуспеси не се простуваат лесно.

Поради тоа, претседателот Флорентино Перез веќе почнал со конкретни потези, а прво било решено прашањето околу новиот тренер. Според најавите, на клупата треба да седне Жозе Мурињо, кој по 13 години би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“ со задача повторно да воспостави стабилност и авторитет во тимот.

Најавена е и голема реконструкција на играчкиот кадар, при што само седуммина фудбалери би останале недопирливи. Тоа се голманите Тибо Куртоа и Андриј Лунин, како и Џуд Белингам, Федерико Валверде, Арда Ѓулер, Килијан Мбапе и Ендрик.

Сите останати играчи се ставени на продажба или ќе заминат летово по истекот на договорите.

Меѓу нив е и Винисиус Жуниор, кого Реал наводно сака да го задржи, но засега нема договор околу условите за новиот договор и неговата плата. Актуелниот договор на Бразилецот е со важност до 30 јуни 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×