20 годишниот Емир
Сахити, кој инаку е поранешен фудбалер на Работнички, од каде лани премина во
редовите на Хајдук, каде најпрво се докажуваше во вториот состав на таа екипа,
а изминатиов викенд имаше и деби за првиот тим, во интервју за „24сата“ на
кратко проговори за почетокот на неговата кариера.
Крилниот
офанзивец го издвои македонскиот селектор Игор Ангеловски, инаку поранешен
тренер на Работнички, како еден од најзаслужните во развојот на неговата
кариера, за него посочи дека постојано добивал доверба.
„Се’ во мојата кариера течеше некако рано и
брзо, со 16 години дебитирав за Работнички, а година дена потоа дебитирав и во
квалификациите за Лига Европа. Благодарен сум му на тренерот Игор Ангеловски
кој веруваше во мене и ми рече да играм без притисок“ рече Сахити.
Сахити изминатиот
викенд дебитираше во првиот состав на Хајдук во ремито на домашен терен без
голови против Горица, а пред извесен период потпиша четиригодишен договор со
хрватскиот прволигаш.