Македонија Ѓорче Петров со една нога во финалето од Купот

by
1 минути читање

Поранешниот
освојувач на македонскиот Куп, Македонија Ѓорче Петров обезбеди минимална
победа од 0-1 на гостувањето кај Беласица во Струмица, во рамките на првата
пресметка помеѓу овие две екипи во полуфиналето од националниот Куп.

Бразилецот
Едуардо Карвалјо беше стрелецот на единствениот гол за гостите, а истиот беше
постигнат во 33. минута, со тој погодок тимот од Скопје е со една нога во
големото финале, но, тоа ќе мора да го потврди на реваншот пред своја публика,
а сигурно Беласица нема да отиде на реваншот со бело знаме.

Следната среда со
почеток од 14 часот се игра и втората полуфинална пресметка во Купот, Академија
Пандев на домашен терен го пречекува тимот на Победа, а реванш пресметките се
играат идниот месец.

Фото-вест:
FK Belasica (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани