2,9K
Рајо Ваљекано останува во зоната за испаѓање откако попладнево загуби од Атлетико Мадрид. Домаќините се прикажаа во одлично светло, неколку пати се заканија по голот на „Колчонероси“, но Облак беше извонреден на голот.
На спротивната страна, Атлетико се мачеше посериозно да се закани, Столе Димитриевски немаше многу работа, и лесно се справи со двата удари кои завршија во рамките на неговиот гол.
Но Македонецот не можеше да стори ништо во 74. минута кога Гризман со голема доза на среќа ја затресе мрежата. Мората се избори за една топка во петерецот, Гризман биеше, топката закачи еден од дефанзивците на Рајо го промени правецот и го измами Димитриевски за голема радост на гостите.