292
Финансиските
проблеми со кои се соочува Палермо и неуспешната продажба на клубот барем
засега не се одразуваат врз играта на теренот. Вечерва „сицилијанците“ беа на
чекор до победа во дербито со Бреша и искачување на првото место.
Домаќините
поведоа во 79. минута од мечот, Трајковски нафрли од корнер а Несторовски со
глава ја затресе противничката мрежа и донесе водство од 1-0.
Сепак во
судиското надополнување Палермо капитулираше, Тремолада погоди за 1-1 и реми со
кое Бреша ја задржа предноста од еден бод на врвот на табелата.