Доколку се
раздели со Масимилијано Алегри, Јувентус има три опции за тренерското столче,
доколку истото се испразни, а тоа се Зинедин Зидан, Дидје Дешам, како и Јирген
Клоп.
Според пишувањата
на Тутоспорт, тренерското столче на Алегри би можело да виси на конец доколку
Јувентус доживее елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде за
противник го има незгодниот Атлетико Мадрид.
Весникот додава
дека постојат тројца водечки кандидати за да го наследат Алегри, токму
претходно споменатите, а фаворит на претседателот на клубот од Торино е
поранешниот фудбалер на италијанската екипа, Зидан, кој се повлече од Реал
Мадрид откако освои три титули во низа во Лигата на шампионите, па од тогаш, па
наваму се уште е без ангажман.