Фудбалерот од
средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи, кој во летниот преоден рок ќе се пресели
во редовите на Јувентус, клуб со кој потпиша четири годишен договор, пред да се
одлучи на преселба во Торино, имал и преговори со двата најголеми шпански
клуба, пренесе ББЦ Спорт.
Според
информациите, велшкиот репрезентативец, освен што преговарал со Јувентус,
истото го правел и со Реал Мадрид, како и Барселона, а новинарот од ББЦ Спорт,
Давид Орнстејн говорејќи за заминувањето на Ремзи како слободен играч на лето,
издвои дека тој имал богати понуди.
„Реал Мадрид,
Интер, ПСЖ имаа богати понуди до него, Баерн Минхен исто беше заинтересиран, а
постоеа преговори и со Барселона“ изјави Орнстејн.
„Се чини дека
Јувентус, кој веројатно беше неговиот прв избор од повеќето заинтересирани
клубови, мислам од фудбалска перспектива, извесно е дека триумфирал и во однос
на финансиските услови кои биле понудени до самиот фудбалер“ заклучи тој.