Иако без Нејмар и
Кавани, ПСЖ беше едноставно преголем залак за Манчестер јунајтед, францускиот
првак со победа од 0-2 си замина од гостувањето на Островот, во првата
пресметка помеѓу тие екипи од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Еден од
погодоците беше дело на Килијан Мбапе, младиот Французин ја запечати судбината
на домаќините со голот кој ја потврди победата на ПСЖ, победа која го отвора
патот до четвртфиналната рунда од елитното европско клупско натпреварување,
токму Мбапе по мечот изјави дека отсуството на Нејмар и Кавани речиси и да не
се почувствувало.
„Луѓето
едноставно треба да престанат да продаваат страв, а воедно и да се плашат за
некои работи. Секако, Нејмар е премногу значаен за тимот, Кавани исто така, но,
фудбалот се игра на терен, тоа го покажавме, не се плашете, ние сме добри“
порача Мбапе.
Шансите на
Манчестер јунајтед во првата пресметка одеднаш се зголемија откако со повреди
се здобија Нејмар, а потоа и Кавани, но, веројатно повредите на Марсијал и
Лингард, кои до паузата беа повлечени од игра, си го направија своето, а тимот
на Солскјер успеа да упати само десет удари кон голот на гостите, а Мата и
Санчез не прикажаа речиси ништо на пресметката на Олд Трафорд.