Солскјер: ПСЖ е на друго ниво, но се уште имаме шанси

by
1 минути читање

Оле Гунар Солскјер за прв пат ја почувствува горчината на поразот како тренер на Манчестер јунајтед. ПСЖ синоќа со 2-0 славеше на Олд Трафорд.

За разлика од мечевите против англиските екипи, синоќа Јунајтед речиси и да не создаде шанса против ПСЖ кој иако во Англија допатува ослабен поради отсуството на Нејмар и Кавани, на теренот изгледаше многу зрело.

„ПСЖ е на друго ниво, овој натпревар беше на повисоко ниво за нас од претходните кои ги игравме. Имавме добра серија, во натпреварот влеговме во одлична, но ова беше потежок меч“, вели Солскјер.

„Има причина зошто ПСЖ е еден од фаворитите во Лигата на шампионите. Тоа е нивото кое и ние треба да го достигнеме“.

„Кога ќе одиме во Париз, ќе дадеме се од себе. Се разбира дека ќе биде тешко, тешка планина за искачување, но не и невозможна. Доколку водиме со 1-0 на полувремето, се може да се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани