Мартин Шкртел ја
отфрлил опцијата која му била на маса во јануарскиот преоден рок, а истата била
да ги засили редовите на Барселона, сепак, агентот на словачкиот дефанзивец,
освен тоа што ја откри оваа вест, ја откри и причината за одбивањето на
неговиот клиент.
„Барселона
инсистираше да го ангажира Шкртел минатиот месец, бидејќи потребна им беше
алтернативна опција во дефанзивната линија“ изјави Митат Халис, агентот на
Словакот кој се пресели во Истанбул по заминувањето од Ливерпул во 2016.
година.
„Тие посакуваа
некој кој ќе биде резервна опција за Џерард Пике и Самуел Умтити, но, Мартин не
сакаше да биде во таква позиција“ додаде Халис.
„Мартин е среќен
во Истанбул, исто и во Фенербахче, тој игра значајна улога во тој клуб,
преферира да има значајно место во прв тим, повеќе отколку да биде на клупа за
резервни фудбалери во Барселона“ заклучи агентот на искусниот дефанзивец.