Интер на лето би можел да пазари во Тотнем

by
1 минути читање

Калчомеркато
известува дека Интер се врати на патеката во трката за потписот на фудбалерот
од средниот ред на Тотнем, Муса Сисоко, а Нероаѕурите наводно својот интерес
за него ќе го потврдат во летниот преоден рок.

Актуелниот
важечки договор на Сисоко со Премиерлигашот истекува во 2021. година, а од друга
страна пак, интересно е тоа што Тотнем според шпекулациите кои ги објавија
одредени медиуми, го посакува Иван Перишиќ од редовите на Интер.

Тотнем не
реализираше ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, а евентуална продажба
на искусниот Французин би значело и потрага по негова замена на трансфер
пазарот.

Во август Сисоко
ќе наполни 30 години, а тој во Тотнем дојде од редовите на Њукасл во 2016.
година за сума од 35 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани