Л’Екип најавува: Ова се почетните состави за пресметката на Олд Трафорд (ФОТО)

by
2 минути читање

Стартуваат
големите возбудувања во елиминационата фаза од Лигата на шампионите, вечерва со
две пресметки стартува осминафиналната рунда од тоа натпреварување, а силите ќе
ги одмерат Манчестер јунајтед – ПСЖ, односно Рома – Порто.

Секако сите очи
ќе бидат вперени на големиот дуел на Олд Трафорд кој се очекува да понуди доста
добар фудбал од обете екипи, францускиот првак се соочува со големи проблеми со
повредени играчи, ќе отсуствуваат Кавани, Нејмар и Рабио, а кај домашниот табор
вон комбинација се Дармиан, Рохо и Валенсија.

Букмејкерите
фаворитската улога за вечерашната пресметка му ја препишаа на Манчестер
јунајтед, давајќи му солидна предност во очекувањата, а француски Л
Екип веќе излезе со свои очекувања за тоа
како ќе наликуваат почетните состави на обете екипи, односно, какви стратегии „ковале“ Оле Гунар Солскјер и Томас Тухел.

Францускиот
весник очекува Манчестер јунајтед да настапи во формација 4-5-1, а најистурен
во нападот, сосема очекувано да биде Рашфорд, а почетниот состав би бил
:
Де Хеа, Јанг, Линделоф, Џоунс, Шо,
Марсијал, Погба, Матиќ, Ерера, Лингард и Рашфорд.

На спротивната
страна, очекувањата се ПСЖ да игра во поставеност 4-2-3-1, со две офанзивни
крила по страните, кои би функционирале како полунапаѓачи, а истата улога би ја
имал и Дрекслер кој би играл веднаш зад Мбапе, од кого најмногу се очекуваат
голови за ПСЖ вечерва.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

L’Equipe’s probable Manchester
United vs. PSG Champions League last 16 1st leg starting XIs. #MUPSG
#UCL
pic.twitter.com/vPhIWWdvfj


Jonathan Johnson (@Jon_LeGossip) February
12, 2019

Мечот во
Манчестер ќе го суди италијанскиот арбитар Даниеле Росато, а двете пресметки
стартуваат во ист термин, со почеток од 21 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани