64
Челси доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Манчестер Сити каде што загуби со неверојатни 6-0. Разочарувањето кај навивачите е големо.
„Тешко е да најдам зборови со кои можам да го опишам чувството по мечот. Ова е една од моите најлоши ноќи во кариерата. Многу фрустрирачки, многу разочарувачки. Кога ќе изгубите со 6-0 треба да прифатите дека не одиграле тие добро туку вие сте направиле грешки кои не смеат да се случат на големи натпревари“, вели Аспиликуета.
„На Стемфорд Бриџ победивме против нив бидејќи како тим одигравме многу добар натпревар. Овој пат тоа не беше случај“.
„Единствена работа која можам да им ја кажам на фановите е дека жалам, бидејќи ова е неприфатливо, жал ми е за сите нив“.