Барса не постигна гол во Ла Лига по цела една година, Тер Штеген со чудесна одбрана спаси бод (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Убавата серија на
Барса е завршена, шампионот на Шпанија за прв пат не постигна гол во Ла Лига по
цела една година односно од февруари 2018 против Хетафе.

Избраниците на
Валверде се прикажаа во бледо издание на „Сан Мамеш“, единствената сериозна
шанса ја имаа во првото полувреме кога Меси имаше празна мрежа но со својот лоб
од далечина го погоди само надворешниот дел од гредата. Судијата досуди офсајд,
но доколку паднеше гол, сигурно со ВАР ќе беше признат.

На спротивната
страна, Атлетик Билбао беше поконкретен во своите обиди, неколку пати го
стави Тер Штеген на мака а најсериозната прилика ја имаш Ињаки Вилијамс во
финишот од мечот. Напаѓачот од пет метри биеше, но Германецот на голот на Барса покажа одличен рефлекс и со чудесна интервенција го спречи
неговиот удар.

Со освоениот бод,
Барса сега има +6 на врвот на табелата, но Реал Мадрид полека се враќа во
трката за титулата и се може да се случи со оглед на тоа дека на почетокот од
следниот месец двата лути ривали ќе се сретнат на Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани