„Спарси“ стигнаа
до четвртата победа во низа во Премиерлигата, избраниците на Покетино можеби не
импресионираа против Лестер но знаеа како да ги казнат сите промашувања на
гостите и на крајот се радуваа на триумф од 3-1.
„Лисиците“ имаа
неколку добри прилики да поведат, а откако не ги искористија шансите, Санчез
најдобро се снајде по една нафрлена топка на Ериксен и донесе предност за
Тотнем од 1-0.
По еден час игра,
Лестер доби прилика да изедначи откако судијата покажа на белата точка. Но
тогаш се случи ретко видена глупост. Варди влезе од клупата, ја зеде топката од
Мадисон кој се подготвуваше да ја изведе најстрогата казна, ја намести топката
на 11 метри и биеше лошо, па Љорис го одбрани неговиот удар.
Смо три минути
подоцна стигна нова казна. Ериксен проигра двојно со Љоренте и прецизно биеше
од врвот на шеснаесетникот за 2-0. Лестер сепак не се предаде па Варди делумно
се искупи и реализираше во 76. минута за 2-1.
Гостите потоа
фрлија се на една карта, го ставија противникот под силен притисок но нова
грешка во 91. минута од мечот му овозможи на Сон сам да тргне во продор, да
претрча повеќе од половина терен и да го матира Шмајхел за 3-1.
Со овие три бода,
Тотнем е на минис пет во однос на Ливерпул, и минус два во однос на Манчестер
Сити.