Реал Мадрид ја потврди големата форма во која игра во моментов, кризата е минато, кралевите повторно покажуваат моќ.
Дербито беше отворено уште во 16. минута кога Касемиро најдобро се снајде во шеснаесетникот на Атлетико и со ножички му донесе водство на Реал Мадрид од 1-0.
Десет минути подоцна Атлетико Мадрид преку Гризман го изедначи резултатот на 1-1. При акцијата на домаќините се чини дека имаше фаул, но ВАР пресуди дека погодокот е регуларен.
Во финишот од првото полувреме беше досуден пенал за Реал Мадрид, и тука имаше контроверзија, прашањето беше дали Винициус беше фаулиран внатре или надвор од шеснаесетникот. Одлуката на судијата не беше променета, Рамос од белата точка го врати водството на кралскиот клуб.
Конечните 3-1 ги постави Герет Бејл по асистенција на Модриќ во 74. минута, ова беше 100. гол за Велшанецот во дресот на Реал Мадрид.
Со овој триумф Реал Мадрид го помина Атлетико на табелата и се искачи на втората позиција, има пет бода негатива зад Барселона но таа утре го игра својот меч, му гостува на Атлетик Билбао.