64
Шпанските медиуми јавуваат дека во акција на полицијата се уапсени седум лица, а еден од нив е играчот на Леванте, Тоњо.
Обвинението е изнуда на пари. Нејасно е зошто фудбалерот кој во средата потпиша нов договор со Леванте, бил дел од еден ваков криминален настан. Наскоро се очекуваат повеќе детали.
Во меѓувреме Леванте се јави со соопштение во кое му дава поддршка на својот фудбалер.
„Во врска со информациите за апсењето на Тоњо, а со оглед дека судската постапка е во тек, клубот мора да се согласи на тајност. Ќе му дадеме поддршка на него и неговото семејство, без разлика на случувањата во иднина. Не сме запознаени со деталите поради кои фудбалерот мораше да биде затворен“, гласи соопштението на клубот.