117
Насловната страна
на Мундо Депортиво пишува дека Валверде сака да продолжи како шеф на стручниот
штаб на Барселона и по крајот на актуелната сезона.
Актуелниот важечки
договор на Валверде со Барселона истекува идната година, а каталонскиот весник
тврди дека челниците на клубот ќе му го продолжат договорот на 54 годишниот
фудбалски стратег по крајот на оваа сезона.
Поранешниот
тренер на Атлетик Билбао има добри релации со неговиот стручен штаб со кој
функционира одлично, а истото важи и за неговите фудбалери, вклучувајќи ја и
првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси, од кого зависат многу работи во тимот од
Камп Ноу.
