Нема сомневање во
тоа дека трката за титулата во Премиерлигата оваа сезона ќе биде докрај
интересна, а воедно и неизвесна, бранителот Манчестер Сити се искачи на врвот,
но со идентичен број бодови како и Ливерпул (62), од друга страна тимот на Гвардиола
има и меч повеќе во однос на својот голем ривал.
Фудбалерот на
Сити, Бернардо Силва открива еден интересен детал од соблекувалната на неговата
екипа, каде имало големо разочарување по поразот кај Њукасл од 2-1, но, во
истото коло Лестер го изненади Ливерпул и на негов терен се избори за реми од
резултат 1-1.
„По поразот од
Њукасл, беше многу тешко за нас“ изјави португалскиот плејмејкер.
„Бевме премногу
разочарани, повеќе од било кои. Фудбалерите, стручниот штаб, бевме многу тажни,
бидејќи за момент помисливме дека ја загубивме трката за титулата во тој
натпревар“ посочи Силва.
„За среќа, ремито
на Ливерпул против Лестер ни даде барем малку надеж, потоа следеше уште едно
нивно реми, овој пат против Вест Хем, а тоа значеше и продолжување на трката за
титулата, сето тоа во продолжение ни даде голема надеж и не поткрена на
ментално ниво“ заклучи Португалецот.