Нова фудбалска трагедија во Бразил, пожар во тренинг комплексот на Фламенго одзеде 10 животи

by
1 минути читање

Голем пожар се
случил во тренинг комплексот на Фламенго лоциран во западниот дел на Рио де
Жанеиро. Според противпожарната служба, тие добиле повик во 05:17 утрото (по локално време), веднаш реагирале и им требало два часа за да го стават пожарот под контрола.

Пожарникарите
исто така потврдија дека имало 10 жртви и три повредени лица, од кои едно е во
сериозна состојба. Според Глобо, локацијата каде што настанал пожарот е стариот
дел од тренинг комплексот, кој бил коиристен од страна на младинските екипи на
Фламенго.

Се уште нема
официјални информации за жртвите, но медиумите шпекулираат дека се работи за
момчиња помеѓу 14 и 17 години и се претпоставува дека тие спиеле во моментот
кога настанал пожарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани