94
Лацио го
прескокна Милан и се искачи на четвртата позиција на табелата, избраниците на
Инзаги забележаа нова победа од 1-0 и ја добија пресметката со Емполи пред
своите фанови.
Клучниот момент
од мечот се случи во 42. минута кога гостинскиот голман неспретно
реагираше при една вратена топка, лошо ја прими и потоа направи пенал во обидот
да расчисти пред Каиседо.
Судијата покажа
на белата точка, а Каиседо по кратка расправија со Кореа за тоа кој да
шутира, ја зеде топката и погоди за 1-0.
Со оваа победа,
„бјанкочелестите“ сега имаат 38 бода, два помалку од третопласираниот Интер и
два повеќе од Милан кој во недела го пречекува Каљари.