На конгресот во
Рим, Александер Чеферин доби уште четири години на чело на европската куќа на
фудбалот, тој со акламација беше реизбран за претседател на УЕФА.
Во својот говор,
Словенецот најави дека нема да дозволи да биде формирано ново натпреварување од страна на
големите клубови, односно популарната Суперлига за која се говори подолго
време, и за која детали беа откриени од документите до кои се дојде преку „Фудбал ликс“.
„Додека јас сум
на чело на УЕФА и Андреа Ањели е на челот на Асосицијацијата на европски
клубови, нема да има Суперлига. Ова не е ветување, ова е факт“ – рече Александер
Чеферин, кој синоќа со Андреа Ањели потпиша меморандум за разбирање со трајност
до 2024 година.
„Доколку
клубовите се одвојат, во срцата на обичните навивачи ќе го загубат статустот на
големи клубови. Единствено нешто што ќе биде големо за овие клубови, ќе биде
само нивнито минато“.
Александер
Чеферин потоа испрати и порака до првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино,
кој беше гостин на конгресот во Рим. Словенецот уште еднаш го потврди
ставот дека се противи на идејата за промена на форматот на Светското клупско првенство и
формирање на светска Лига на нации, реформи кои ФИФА сака да ги протурка
бидејќи можат да генерираат преку 20 милјарди евра во иднина.
„Со тоа што на
ФИФА и кажуваме дека не се сложуваме со предлогот за светска Лига на нации и ново
Светско клупско првенство, покажуваме почит кон нив и покажуваме почит кон
фудбалот, играта која сите ја обожаваме и мораме да ја заштитиме“.
„Искрено се надевам дека ФИФА ќе покаже почит кон нас со тоа што ќе ги слушне
нашите гледишта… УЕФА и европскиот фудбал заслужуваат почит“.