Ранокија: Интер мора да го промени менталитетот

by
1 минути читање

Интер беше очаен
викендов откако претрпе минимален пораз пред своја публика од Болоња, а
Лучијано Спалети во очај го прекомандува Андреа Ранокија во офанзивната линија,
тоа можеби ќе донесеше резултат, но, дефанзивецот пропушти убава прилика за
гол.

Самиот Ранокија
вели дека Интер мора да работи на менталитетот, кој очигледно не е во позитивно
светло во моментов, тимот од Милано веќе три меча не знае за победа во Серија
А, а притисокот врз Спалети од ден на ден е се
поголем.

Ова е една
слична ситуација на онаа со која се соочивме ланската година
“ изјави Ранокија.

Мораме да
работиме на нашиот менталитет, мислам дека на тоа треба да инсистираме во
работата во периодот кој претстои, имаме добра екипа, технички одлични играчи,
тие не заборавиле како се игра фудбал, едноставно е, мораме да го промениме
нашиот менталитет
“ посочи Ранокија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×